• Горан Упале
Лука Модриќ и официјално е косопственик на фудбалскиот клуб Свонси, вечерва потврди велшкиот гигант. Оваа одлука на еден од најдобрите фудбалери во модерниот фудбал на неговите планови да остане во Реал Мадрид.
Модриќ е договорно поврзан со Реал до крајот на сезоната, а сака да ја продолжи соработката со клубот каде што е капитен на уште една година. Некогашниот премиерлигаш вечерва со официјално соопштение го потврди тоа што се шпекулираше во текот на денот.
„Свонси Сити со гордост објавува дека освојувачот на „Златната топка“ Лука Модриќ му се приклучи на клубот како инвеститор и косопственик. Модриќ е најодликуваниот играч во историјата на Реал Мадрид. Тој освои шест Лиги на шампиони, шест Светски клупски првенства, пет европски Суперкупа, четири титули во шпанската лига...
Неговата инвестиција во Свонси е потврда за амбициите и визијата на клубот. Модриќ ќе игра важна улога во привлекувањето на глобалното внимание и во напредокот на клубот, во и надвор од теренот.
@lukamodric10 is a Jack! Welcome to the newest member of our ownership group.
Full story https://t.co/WDEEZzgEss pic.twitter.com/Niyu2OpHMk
— Swansea City AFC (@SwansOfficial) April 14, 2025
Модриќ беше среќен и одушевен што ќе биде дел од семејството на Свонси.
„Ова е возбудлива можност. Свонси има силен идентитет, неверојатни навивачи и амбиција да се натпреварува на највисоко ниво. Откако играв цел мој живот на највисоко ниво, верувам дека можам да го донесам моето искуство во клубот. Имам за цел да придонесам позитивно за развојот на клубот и да помогнам да се создаде возбудлива иднина", рече Модриќ
Свонси е велшки клуб основан во 1912 година и моментално се натпреварува во Чемпионшип. Од сезоната 2011/12 до 2018/19 година тој беше редовен член на англиската Премиер лига и оттогаш не успеа да се врати во највисокото ниво на англискиот фудбал.