• Саше Љолес
Управата на Зрињски Мостар ја прекина соработката со македонскиот дефанзивец Дарко Велковски, кој летово пристигна во клубот како едно од најавуваните засилувања.
Велковски беше доведен во тимот во летниот преоден рок, со надеж дека ќе даде значаен придонес во одбраната. Сепак, тој за Зрињски запиша само два официјални натпревари во есенскиот дел од сезоната и не успеа да го оправда очекуваниот статус на клучен играч во дефанзивата.
По заемниот договор меѓу двете страни, клубот и фудбалерот решија да ја прекинат соработката порано од предвиденото. Во соопштението на Зрињски се истакнува дека имале позитивен и професионален однос со Велковски и му посакаа многу среќа и успех во продолжението на кариерата.
Овој потег доаѓа во период кога Зрињски се подготвува за продолжение на националното првенство, а клубот најави дека работи на засилување на составот за да ги оствари поставените цели сезонава.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.



