• Иван Димовски
Златко Далиќ и официјално е нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, откако Фудбалскиот сојуз на оваа земја во средата го потврди неговото назначување.
Далиќ минатиот месец ја напушти Хрватска по речиси девет години на селекторската функција, како најуспешен тренер во историјата на „коцкестите“. Под негово водство Хрватска освои сребро на Светското првенство во 2018 година и бронза во 2022 година, а од репрезентацијата замина по елиминацијата на последниот Мундијал од Португалија.
За Далиќ ова е враќање во ОАЕ, каде што од 2014 до 2017 година го водеше Ал-Аин. Со клубот освои првенство и Куп, а во 2016 година стигна и до финалето на азиската Лига на шампиони. На клупата на репрезентацијата на ОАЕ ќе го наследи Романецот Космин Олероју. Новиот договор ќе му донесе годишна плата од пет милиони евра, што Далиќ ќе го направи еден од најплатените селектори во светот.
Претходно во кариерата тој ги водеше Вартекс, Ријека, Динамо Тирана, Славен Белупо, Ал-Фаисали, Ал-Хилал, Ал-Аин и репрезентацијата на Хрватска.

