ОФИЦИЈАЛНО: Зијеч ги одби сите понуди и го продолжи договорот со Ајакс!

Зијеч

Холандскиот првак Ајакс денес потврди дека ја продолжи соработката со офанзивецот Хаким Зијеч.

Мароканецот ги одби сите понуди за да остане во Амстердам до 2022 година. Тоа е продолжение од една година на претходниот договор.

Севиља, Арсенал и Манчестер Јунајтед беа најзвучните имиња кои запрашаа за услугите на 26-годишникот.

Одличната сезона која Зијеч ја остави зад себе на Ајакс му донесе двојна титула во домашното првенство. Тој постигна 21 гол и додели 24 асистенции на 49 натпревари.

Голем број на таленти на „копјаниците“ одлучија да ја променат средината ова лето, по полуфиналниот пласман во Лигата на шампионите и одличните игри минатата сезона.