• Иван Димовски

Италијанскиот гигант Милан одработе солиден зимски преоден рок, а како „јаготка на шлагот“ беше исклучително богатиот последен ден од трансфер периодот. Откако претходно клубот ги доведе Кајл Вокер од Манчестер Сити и Сантиаго Хименез од Феенорд, во последните часови предвидени за трансфери комплетира неколку зделки.
Најзвучна од сите беше трансферот на Жоао Феликс кој дојде на позајмица од редовите на Челзи. „Росонерите“ немаа доволно време за да преговараат услови за целосен трансфер со „сините“, па договорија само позајмица и ринда преговори за иднината на Феликс налето.
Феликс пристигна во Милано доцна синоќа и веднаш потпиша со Милан. Сепак, утрово беше официјално промовиран во клупските простории, откако претходно ги мина медицинските тестови заедно со Варен Бондо (Монца) и Рикардо Сотил (Фиорентина). Феликс одбра интересен број во Милан, го задолжи дресот со 79-ка кој преходно го носеше Франк Кеси.
Creativity, flair and pure talent
Bem-vindo, João #DNACMilan #SempreMilan— AC Milan (@acmilan) February 4, 2025
Од друга страна, од редовие на Милан си заминаа Давиде Калабрија, Алваро Мораа и Фоде Бало Туре претходно, како и Исмаел Бенасер и Ноа Окафор на последниот трансфер ден.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.