ОФИЦИЈАЛНО: Жиру е новата „деветка“ на Милан

Официјалната потврда пристигна - Оливие Жиру е нов играч на Милан. 34-годишниот напаѓач го напушти Челзи и парафираше двегодишен договор со „росонерите“, вреден 3.500.000 евра по сезона (плус бонуси). 

Челзи од овој трансфер ќе инкасира еден милион евра, а може да добие уште толку на име на бонуси. Французинот и минатата лето беше поврзуван со премин во Милан, но тогаш се реши да остане во Лондон и не погреши, затоа што „сините“ приредија сензација во Лигата на шампионите и под водство на Томас Тухел по вторпат во историјата го освоија најпрестижниот клупски трофеј.

Со доаѓањето на Жиру, Милан ја пополни дупката по заминувањето на Манџукиќ, а францускиот ветеран во новиот клуб ќе го носи дресот со број девет. 34-годишниот напаѓач од 2011 година е репрезентативец на Франција, постигнувајќи 46 гола на 110 настапи и освојувајќи го Светското првенство во 2018 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.