ОФИЦИЈАЛНО: Зенга е минато, Ди Франческо е нов предводник на Каљари

Италијанскиот стручњак Еузебио Ди Франческо во следната сезона ќе ја предводи екипата на Каљари, клуб со кој стави потпис на договор од две години. 

50-годишникот остана без работа на почетокот од завршената сезона, кога уште во октомври доби отказ во Сампдорија. Сега, на клупата од Каљари ќе го наследи Валтер Зенга кој пристигна во клубот во март, но нема да се задржи на Сардинија. 

  • Официјална потврда на потписот: 

Освен Сампдорија, Ди Франческо во кариерата ги предводеше и Рома, Сасуоло, Пескара, Лече и Виртус.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.