ОФИЦИЈАЛНО: Заминува еден од „сенаторите“ на моќниот Ливерпул

Еден од симболите на златната ера на Ливерпул, Енди Робертсон, на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“ како слободен играч и ќе стави крај на деветгодишната авантура во црвениот дрес.

Левиот бек пристигна во 2017 година од Хал Сити за осум милиони фунти и брзо се изгради во еден од најдобрите на својата позиција во историјата на клубот. За Ливерпул одигра 373 натпревари и освои сè што можеше да се освои, вклучувајќи ја и Лигата на шампиони, како и трофеи во Премиер лигата, ФА Купот и другите натпреварувања.

„Никогаш не е лесно да се напушти клуб како што е Ливерпул. Тој беше огромен дел од мојот живот и животот на моето семејство во изминатите девет години. Имав можности да заминам и порано, но не можев поради тоа што овој клуб ми значи. Сепак, фудбалот оди понатаму и чувствувам дека сега е вистински момент за нов чекор. Ќе се навратам на овие години со неверојатни спомени. Го дадов срцето и душата за овој клуб. Овде созреав и како играч и како човек. Овој клуб и навивачите засекогаш ќе ми значат многу“, порача Робертсон.

Оваа сезона Робертсон го загуби местото во стартната постава од Милош Керкез, па разделбата беше очекуван чекор. Интерес за неговите услуги покажуваат Наполи, Јувентус, Атлетико Мадрид и Тотенхем