• Мартин Танасковски
Maкедонскиот стопер Ѓоко Зајков и официјално ќе има нов предизвик во својата кариера. Иако се очекуваше дека неговиот премин во Левски е долгорочно решение, сепак разделба следеше по половина сезона.
За услугите на 26-годишниот дефанзивец имаше интерес од повеќе европски клубови, а како што најавивме претходно негова нова средина ќе биде Ворскла Полтава. Зајков со новиот клуб потпиша две и пол годишен договор.
Ворскла е украински прволигаш, кој високо котира на табелата, по првиот дел од сезоната е на петтата позиција и се бори за местата кои идната сезона носат европски натпревари.
Зајков, кој е трет Македонец во историјата на овој клуб по Филип Деспотовски и Адис Јаховиќ, пред да дојде во Бугарија ги носеше дресовите на Работнички, Рен и Шарлоа.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк