ОФИЦИЈАЛНО: Вождовац е новата средина на „бисерот“ Марко Ѓорѓиевски

Еден од најзаслужните за промоцијата на Борец во ПМФЛ, 19-годишниот напаѓач Марко Ѓорѓиевски од денес е нов член на српскиот Вождовац. Тој се обврза на четиригодишен договор и одлучи да направи скок во соседството како би се дооформил пред да замине во некој од посилните шампионати на стариот континент.

Ѓорѓиевски е стандарден член на селекцијата до 19 години, а минатата сезона постигна 16 голови во 12 натпревари за Борец и евидентно беше дека ќе заврши во некој од поголемите клубови. Сепак, изборот на Вождовац е еден вид на изненадување.

Младиот македонски фудбалер ќе го носи дресот со број 35 во белградскиот клуб. 

По првите две кола од српската ЛингЛонг лига, Вождовац нема победа и освои само еден бод.