ОФИЦИЈАЛНО: Волшебникот на теренот и господинот надвор од него останува во Јунајтед

По само еден ден откако го потврдија трансферот на Џејдон Санчо, раководството на Манчестер Јунајтед го задржа еден од староседелците во тимот. Шпанскиот ветеран Хуан Мата и во следната сезона ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“, откако денес потпиша договор на уште една сезона. 

Популарниот волшебник на теренот и господин надвор од него, стана еден од најпопуларните играчи во поновата историја на Јунајтед и тој е многу почитуван од сите негови соиграчи. Мата веќе од поодамна го загуби првитимскиот статус во Јунајтед, но неговото големо искуство е од непроценливо значење за соиграчите и менаџерот Оле Гунер Солскјер. 

„Ел Маго“ сѐ уште може да придонесе со влез од клупата за резерви и со еден потег да реши натпревар како што покажал многупати во црвениот дрес. 

33-годишниот офанзивец на „Олд Трафорд“ се пресели во 2014 година од ривалот Челзи и оттогаш забележа 273 настапии постигна 51 гол.