ОФИЦИЈАЛНО: Влатко Стојановски ќе тресе мрежи за Шкендија!

Екипата на Шкендија од следната сезона ќе биде посилна за напаѓач со репрезентативно искуство. 

На „Еколог Арена“ под Шар Планина доаѓа Влатко Стојановски, кој минатата година беше дел од хрватска Горица. 25-годишникот се враќа во Тетово, каде што претходно настапуваше за екипата на Ренова, па по три години одново ќе заигра во ПМФЛ

Стојановски се очекува да биде сериозно засилување за домашното првенство, но и за натпреварите од квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Во својата кариера, освен во Горица и Ренова, Стојановски настапуваше за Олимпик Ним и Шамбле во Франција, Дугополје, Сплит и Неретванац во Хрватска, додека стартот на кариерата го имаше во Металург

Напаѓачот од Делчево е трето засилување за Шкендија, откако претходно пристигнаа голманот Давор Талески и Башким Велија