• Саше Љолес
Бразилската ѕвезда Винициус Жуниор официјално потпиша нов договор со Реал Мадрид, со кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2032 година.
Напаѓачот е еден од најважните фудбалери во тимот во последните сезони и се очекува да продолжи да биде еден од лидерите на „кралскиот клуб“.
Винициус пристигна во Реал во 2018 година од Фламенго и постепено се разви во еден од најдобрите офанзивни играчи во светот. Со мадридскиот клуб освои повеќе трофеи, меѓу кои титули во Лигата на шампионите и шпанската Примера.
Со новиот договор, Реал Мадрид испрати јасна порака дека смета на Бразилецот како дел од иднината на клубот, заедно со останатите млади ѕвезди во тимот.
За неговите услуги најсериозно беше заинтересиран лондонски Арсенал, „топчиите“ беа подготвени и да го срушат клупскиот рекорд за трансфери, но Винициус реши да остане во Мадрид и да го носи дресот на најтрофејниот клуб во светот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


