ОФИЦИЈАЛНО: Вест Хем плати 45 милиони фунти и во Ајнтрахт го најде новиот Арнаутовиќ

Себастијан Халер од денес е нов фудбалер на Вест Хем и наследник на Арнаутовиќ, кој замина за Кина. „Чеканите“ платија 45 милиони фунти и го доведоа Французинот од Ајнтрахт Франкфурт.

Бундеслигашот ја потврди веста на Твитер во вторникот изутрина, а денес и Вест Хем го претстави пред медиумите, откако фудбалерот ги мина лекарските прегледи.

„Ајнтрахт и Вест Хем постигнаа договор за трансферот на Себастијан Халер", објави клубот од Лондон.

Французинот имаше импресивна сезона во Германија, постигнуа 15 гола во Бундеслигата и пет во Лига Европа. Спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ мора да состави нова напад, бидејќи во еден месец за преку 100 милиони евра ги продаде двата „бисера“ Халер и Јовиќ.