ОФИЦИЈАЛНО: Вернер се врати во РБ Лајпциг, Челзи доби 20 милиони евра!

Германскиот напаѓач Тимо Вернер реши да ја напушти Премиер лигата и се врати да тресе во Бундеслигата, во поранешниот клуб РБ Лајпциг.

По лошата сезона во таборот на „сините“ Вернер реши да се врати меѓу „биковите“ каде ги покажа најдобрите партии во кариерата. Челзи за неговиот трансфер доби 20 милиони евра, а играчот потпиша петгодишден договор.

Покрај фиксните 20 милиони евра, РБ Лајпциг ќе плати додатни 10 милиони евра низ бонуси на сметката на Челзи. Амбициите на Вернер се повторно да се бори за врвот во германската Бундеслига.

Претходно, РБ Лајпциг го договори и трансферот на Бенџамин Шешко од Салцбург, но од лето 2023 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.