ОФИЦИЈАЛНО: Вејн Руни од јануари ќе биде менаџер-играч во Дерби!

Англиската фудбалска легенда Вејн Руни ја завршува авантурата во САД и ќе му се приклучи на тимот на Дерби Каунти, каде ќе ја има улогата на менаџер-играч.

33-годишниот некогашен англиски репрезентативец е дел од ДС Јунајтед, а двете страни се договорија по крајот на сезоната од МЛС-лигата, Руни да се врати на Островот. 

Сезоната во САД завршува најдоцна до ноември, а Руни ќе се нафати на новото работно место од јануари. Дерби и напаѓачот се договорија за 18-месечна соработка.

„Возбуден сум за шансата што ќе ја добијам од Дерби Каунти. Едвај чекам на новиот предизвик и да ги сретнам навивачите и да започнам со ново нешто во мојата кариера, а тоа е тренерската работа. Ќе работам со првиот тим и со академиите“, изјави Руни.

Руни го напушти англискиот фудбал во 2018 година кога замина во САД, а таму ги носеше дресовите на Евертон и Манчестер Јунајтед.