ОФИЦИЈАЛНО: Варан е новиот „ѓавол“ во одбраната на Јунајтед!

Она што долго време се најавуваше, се потврди. Рафаел Варан го напушти Реал Мадрид и е нов член на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ од Манчестер го потврдија трансферот на фудбалерот кој има 28 години, но не открија премногу детали на темата. На интернет-страницата на премиерлигашот стои дека Рафаел Варан е нивен нов фудбалер, а детали не се откриваат додека не се финализира зделката и не завршат медицинските прегледи.

Францускиот стопер има нов клуб за првпат по 2011 година. Цела деценија тој беше член на Реал Мадрид за кого одигра преку 250 натпревари, а претходно настапуваше за Ленс, прв професионален клуб за него во кариерата.

Со соопштение се огласи и Реал Мадрид, преку кое на Варан му посака се најдобро во кариерата и му се заблагодари за неговиот придонес во осумнаесет титули: четири трофеја во Лигата на шампионите, четири клупски Светски првенства, три европски Суперкупа, три титули во Примера, еден во Копа дел Реј и три во шпанскиот Суперкуп.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.