ОФИЦИЈАЛНО: Валверде доби отказ, Барселона има нов тренер!

Шпанскиот фудбалски првак Барселона во наредниот дел од сезоната ќе биде предводен од нов тренер, затоа што актуелниот предводник Ернесто Валверде доби отказ од управата.

Валверде дојде со големи надежи во Барселона, меѓутоа со резултатите не ги исполни целите. Каталонците не играат во посакувана форма, а тимот има само една победа на последните пет меча, нешто што не го израдува првиот човек на клубот Бартомеу.

Посебно разочаруваат ремито со Еспањол (2-2), како и поразот од Атлетико Мадрид во Суперкупот, кога се прими два гола во последните десет минути (2-3). 

Нов тренер на Барселона е 61-годишниот Кике Сетиен, кој последен пат работеше во Бетис. Се работи за стратег кој има искуство само во Шпанија и воедно е последниот тренер кој успеал да победи на „Камп Ноу“ против Барселона.

Валверде пристигна во Барселона во 2017 година, а со тимот успеа да освои две титули во Примера и по една во Купот на Кралот и Суперкупот.