ОФИЦИЈАЛНО: Валтер Мацари е нов предводник на Каљари

Калчолигашот Каљари го потврди Валтер Мацари како нов шеф на стручниот штаб. 

Искусниот италијански стручњак по година и половина пауза, се враќа во Серија А, наследувајќи ја клупата на клубот од Сардинија од Леонардо Семпличи. Во текот на вчерашниот ден, Каљари му врачи отказ на Семпличи, по поразот викендов од Џенова на Горан Пандев (3-2). 

Мацари последно мина две сезони на клупата на Торино, пред да заработи отказ во февруари лани. Претходно низ својата кариера тој ги водеше Интер, Наполи, Вотфорд, Сампдорија, Реџина, Ливорно, Пистоезе и Ачиреале. 59-годишникот ќе ја стартува својата нова авантура веднаш и ќе го поведе клубот в недела на гостувањето кај Лацио.