ОФИЦИЈАЛНО: Вајналдум претставен во дресот на ПСЖ

Холандскиот репрезентативец Џорџино Вајналдум, откако се реши да не го продолжи договорот со Ливерпул и по завршувањето на сезоната се збогува со „Енфилд Роуд“, сите го гледаа во дресот на Барселона, но...

30-годишниот играч за врска се сметаше за едно од клучните засилувања на Роналд Куман за следната сезона, но во последен момент во трката за неговиот потпис се вмеша ПСЖ, клуб кој на крај и извојува „победа“ и го потврди преминот на Холанѓанецот.

Францускиот вицешампион денес и официјално се пофали со потписот на искусниот Вајналдум (2024), кој од засега неофицијални избори се решил за преселба во Париз затоа што на маса имал далеку побогата понуда од онаа која што пристгна од Каталонија.

Кариерата на Вајналдум започна во Феенорд, продолжи во ПСВ Ајндховен, а потоа заврши во Англија, каде ги бранеше боите на Њукасл Јунајтед и Ливерпул.