ОФИЦИЈАЛНО: Вајналдум излезе од базен, па потпиша за Рома!

Жозе Мурињо заврши одлична работа ова лето и доведе неколку звучни засилувања во екипата на Рома.

Португалскиот тренер договори соработка со Џорџино Вајналдум. Искусниот играч за врска не се снајде во ПСЖ, па кариерата ќе ја продолжи во „вечниот град“.

Италијанскиот тим договори позајмица на фудбалерот, а во договорот ќе има опција и за целосен откуп. 31-годишникот тргна во Феенорд, а потоа играше за ПСВ Ајндховен, Њукасл Јунајтед и Ливерпул, пред да се пресели во Париз.

Немања Матиќ и Пауло Дибала се останатите нови имиња меѓу фудбалерите на „волчицата“. Промоцијата на Вајналдум беше навистина импресивна и ги одушеви фановите, затоа што играчот излезе од базен, па стави потпис на договор со римјаните.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.