ОФИЦИЈАЛНО: УЕФА ги казни Суперлигашите, Јуве, Барса и Реал пред исфрлање!?

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрече казни за клубовите кои сакаа да ја формираат Суперлигата, а додатно најави постапка за трите основачи на лигата која ѝ пркосеше на Лигата на шампионите.

Девет од дванаесетте суперлигаши ќе минат со финансиска казна од 5% од приходот од европските натпреварувања. Пеналот ќе стапи на сила од следната сезона и ќе трае една година.

Преостанатите три клуба кои не се откажаа во целост од Суперлигата, тоа се Јувентус, Барселона и Реал Мадрид, ќе бидат под дисциплинска постапка и нема да е искучено доколку се остварат претходните најави тие добијат дисквалификација од натпреварувањата на УЕФА за следните сезони.

Што се однесува до финансискиот пенал, клубовите кои ќе го претрпат се Арсенал, Милан, Челзи, Атлетико Мадрид, Интер, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Од УЕФА истакнаа дека деветте клуба ги препознале нивните грешки и веќе имаат став околу таа таканаречена Суперлига, додека истото не може да се каже за останатите три (Јувентус, Реал Мадрид, Барселона н.з) и против нив ќе се делува поинаку.