ОФИЦИЈАЛНО: У21 репрезентативецот Метју Божиновски позајмен во Велингтон Феникс

Младинскиот репрезентативец до 21 година и засилување за дефанзивата од Австралија, Метју Божиновски го напушти Мелбурн Виктори и се пресели во Велингтон Феникс

Младиот стопер следната сезона ќе ја мине во екипа која е поквалитетна од досегашната, бидејќи Феникс минатата сезона беше на чекор до доигрувањето во А лигата на Австралија. Сепак, доколку се докаже овој клуб можеби ќе го задржи во своите редови.

Божиновски има 20 години и во „земјата на кенгурите“ му се предвидува добра фудбалска иднина. Сега, тој ќе се приклучи на Велингтон Феникс во фазата на подготовки за новата сезона која стартува на крајот на ноември.

Во септемврискиот циклус Метју Божиновски заедно со Стефан Чолаковски дебитираа во репрезентацијата на Македонија до 21 година. Дефанзивецот го прифати повикот да заигра за земјата на своите претци, па се очекува и во иднина да го брани „црвено-жолтиот“ дрес на Македонија.