ОФИЦИЈАЛНО: Турскиот фудбал доби уште една мега-ѕвезда!

Ромелу Лукаку официјално ја продолжува кариерата во турската Суперлига. Белгискиот голгетер постигна договор со Фенербахче и по две сезони го напушта Наполи.

Фенербахче и Наполи постигнале договор за трансферот на 33-годишниот напаѓач, а обесштетувањето ќе изнесува околу шест милиони евра, плус дополнителни бонуси. 

Белгиецот во Неапол пристигна во 2024 година од Челзи, но последната сезона беше тешка за него поради повредите и конфликтот со управата. Во Серија А одигра само пет натпревари и постигна еден гол.

Сепак, Лукаку покажа дека сè уште може да биде сериозна голгетерска закана. На Светското првенство во 2026 година постигна три гола на шест натпревари за Белгија.

Сега го очекува ново поглавје во кариерата. Фенербахче добива искусен напаѓач со огромно европско искуство, а од Лукаку се очекува да биде еден од лидерите на тимот и главна сила во нападот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.