• Иван Димовски
Хрватскиот стратег Игор Тудор и официјално е назначен за нов тренер на Тотенхем до крајот на сезоната. Тој доаѓа како наследник на Томас Франк кој заработи отказ по осумте меча без пбоеда во Премиер лигата.
Од клубот потенцираат дека од Тудор се очекува да внесе организација, интензитет и натпреварувачки дух во составот во период кога секој бод има огромно значење. По промоцијата, хрватскиот тренер порача:
„Чест ми е да бидам дел од овој клуб во вака важен момент. Свесен сум за одговорноста која ми ја дадоа и фокусот ми е јасен. Треба да се донесе конзистентност во перформансите на Тотенхем. Во овој тим има голем играчки квалитет, а мојата работа ќе биде да ги организирам и мотивирам играчите, како и да ги подобрам резултатите“, изјави Тудор.
Тудор како фудбалер ја освои Серија А со Јувентус и беше стандарден репрезентативец на Хрватска, а како тренер често носеше напредок кога доаѓал среде сезона.
Во својата кариера Тудор ги водеше Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона, Марсеј, Лацио и Јувентус.









