ОФИЦИЈАЛНО: Трајковски е новата „седумка“ на Алборг

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и официјално во нов клуб ќе ја продолжи сезоната. Шпекулациите од пред неколку дена денес добија потврда и македонскиот офанзивец се сели во Данска, каде ќе ги брани боите на Алборг.

Оваа информација ја потврди и данскиот прволигаш, кој го промовираше Трајковски како нова „седумка“ на тимот.

Трајковски од 2019 година го носеше дресот на Мајорка, но никогаш не ја доби вистинската шанса за докажување, па затоа неговата разделба со шпанскиот прволигаш беше за очекување. 

Еден од фудбалерите кои прикажаа најдобра игра во дебитантскиот настап на Македонија на Европските првенства, во Шпанија пристигна од редовите на Палермо, а во кариерата играше уште и за Мехелен, Зулте Варегем, Интер Запрешиќ и Цементарница 55.

Во данскиот шампионат се одиграни седум кола, а Алборг во моментов е на петтата позиција.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.