ОФИЦИЈАЛНО: Тотенхем за 70 милиони евра го купи „бомбардерот“ од Борнмут

Управата на англискиот премиерлигаш, Тотенхем, го потврди трансферот на Доминик Соланке, кој пристигнува од редовите на Борнмут за рекордна сума од 70 милиони евра. 

Соланке одигра шест сезони во дресот на Борнмут, а минатата сезона постигна вкупно 20 голови во првенството и куповите. Англискиот репрезентативец е доведен како вистинска замена за Хари Кејн, нешто што фановите сметаат дека требаше да се случи уште минатата година кога нивниот миленик замина во Баерн Минхен

Доминик Соланке во минатото играше уште за Челзи, Ливерпул и Витезе, а за англиската репрезентација досега одигра само еден натпревар, но се очекува во иднина 26-годишникот да добива поголема шанса во дресот на „трите лава“. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.