• Иван Димовски
Управата на Тотенхем и директорот Фабио Паратичи донесоа одлука да му врачат отказ на предводникот на клубот Нуно Еспирито Санто.
Португалецот, кој летово го наследи Жозе Мурињо, не успеа да ги задоволи критериумите и поради лошите резултати заработи отказ. Тотенхем тоа го потврди на социјалните мрежи, преку официјално соопштение, а неколку збора кажа и Паратичи
„Знам колку Нуно и неговиот тренерски тим сакаа да успеат, па жалам што донесовме ваква одлука. Нуно е вистински џентлмен и секогаш ќе биде добредојден тука. Сакам да му се заблагодарам нему и на тимот и да им посакам среќа во иднина“, изјави директорот на „петлите“.
Нуно се презентираше на англиската јавност со одличната работа во Вулверхемптон, од каде замина откако доби повик од Даниел Леви и Тотенхем. Сега, Португалецот ќе биде во потрага по нов ангажман, а во својата кариера освен Волвс и Тотенхем ги водеше уште Порто, Валенсија и Рио Аве.
Оваа сезона, Тотенхем по десет кола игра навистина променливо и има 15 бода. Со пет победи и исто толку порази, неконстантноста го чинеше Нуно Еспирито Санто менаџерско место во тимот. Клубот веќе бара алтернатива за Нуно, па главно име кое циркулира и голем сон на управата е Антонио Конте.