ОФИЦИЈАЛНО: Тотенхем го доведе Кудус од Вест Хем за 60 милиони евра!

Репрезентативецот на Гана и доскорешен член на Вест Хем, официјално потпиша за лондонскиот ривал, Тотенхем, каде ќе се задржи најмалку до 2030 година. 

Трансферот го потврдија двата премиерлигаши, па така „петлите“ добиваат ново звучно засилување за следните сезони. Кудус беше „мета“ на повеќе гиганти, но замина во Тотенхем, кој за неговите услуги исплати сума од 60 милиони евра. 

Минатата сезона Кудус одигра 32 лигашки натпревари и забележа учинок од пет гола и три асистенции. Во Вест Хем пристигна од Ајакс за сума од 45 милиони евра.

ФОТО/PHOTO: Tottenham Hotspur/Facebook