• Саше Љолес
Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, официјално ќе игра за Џирона на позајмица до крајот на сезоната 2025/26. Договорот е потврден и Германецот веќе се приклучи на новиот тим.
Тер Штеген беше долго време прв голман и капитен на Барселона, но оваа сезона го загуби местото во стартниот тим и се одлучи на преселба во Џирона за да добие повеќе минути на теренот.
Оваа позајмица му дава шанса да се врати во играчки ритам, за да остане во форма и да се подготви за евентуален настап на Светското првенство годинава. Договорот со Џирона е со важност до 30 јуни 2026 година.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.











