ОФИЦИЈАЛНО: „Суперкласико“ ќе има, Ривер патува во Мадрид!

Ривер Бока

Популарното „Суперкласико“ меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во рамки на Копа Либертадорес ќе се игра во Мадрид, затоа што екипата на Ривер објави дека ќе патува за Шпанија и дека ќе го игра мечот против лутиот ривал на неутрален терен.

Мечот, кој требаше да биде спектакл на „Ел Монументал“, не се одигра поради напад на автобусот на Бока од страна на навивачите на Ривер, по што КОНМЕБОЛ донесе одлука истиот да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Од Ривер објавија соопштение дека нема да играат, но неколку дена подоцна, следи официјална потврда на клупската интернет-страница дека делегацијата ќе патува во Мадрид на 5 декември и дека ќе се соочи со Бока.

Реваншот од финалната серија на Копа Либертадорес ќе се игра на 9 декември. Првиот натпревар заврши без победник (2-2).