ОФИЦИЈАЛНО: Стефано Пиоли го продолжи договорот со Милан!

Стефано Пиоли го продолжи договорот со екипата на Милан до 2023 година, со опција за продолжување на една дополнителна. Италијанскиот стручњак врши неверојатна работа на „Сан Сиро“, Милан се врати во Лигата на шампионите по долга пауза, а сега е во битка за самиот врв во Серија А. 

Клубот му верува на Пиоли, директорите Малдини и Масара отсекогаш зборувале со комплименти за тренерот. Договорот беше постигнат за сума од три милиони евра по сезона, Пиоли е задоволен на позицијата и преговорите течеа лесно. 

Милан по долго време изгледа навистина компетитивно предводен од Пиоли на клупата, но и Златан Ибрахимовиќ на теренот. Италијанецот добро си ги работи задачите откако пристигна на крајот од 2019 година, а за тоа најдобро зборува дека откако пристигна во клубот и покрај сите проблеми со повреди, Милан бележи одлични резултати.

Во „пост-шампионската“ ера на клубот, Пиоли дефинитивно е најуспешниот тренер кој го предводел Милан, па затоа ја ужива довербата на играчите, управата и фановите.