• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски направи трансфер и во новата сезона ќе игра во израелскиот шампионат.
Фудбалерот од средниот ред за време на престојот во Израел со репрезентацијата ги финализира сите преговори за трансфер во Хапоел Тел Авив. Двете страни се договорија, Спировски потпиша двегодишен договор и уредно ги мина лекарските прегледи.
Во редовите на Хапоел, македонскиот фудбалер се сели од Ференцварош. Спировски ќе биде на располагање на репрезентацијата на гостувањето во Летонија, а потоа ќе му се стави во целост на новиот тим.
29-годишниот Спировски пристигна во Ференцварош од македонски Вардар, а претходно настапуваше за Берое, Работнички, Борац Чачак и Пелистер.

