ОФИЦИЈАЛНО: Стефан Ристовски после четири и пол години го напушти Динамо Загреб

Искусниот македонски дефанзивец, Стефан Ристовски, стави крај на својата кариера во хрватскиот гигант Динамо Загреб, по повеќе од четири и пол години поминати во клубот.

Ристовски се приклучи на „модрите“ во февруари 2021 година и за тоа време освои дури осум трофеи: четири шампионски титули, два Купа на Хрватска и два Суперкупа.

Во дресот на Динамо одигра 185 официјални натпревари, постигнувајќи седум голови и асистирајќи за уште 21 погодок. Ако се вклучат и пријателските натпревари, бројката на негови настапи се искачува на 206.

Навивачите на Динамо го прифатија Стефан уште од првите денови, благодарение на неговата енергија, борбеност и искрената страст со која настапуваше. На теренот секогаш гордо го носеше дресот на Динамо и со текот на времето стана еден од ко-капитените на тимот. Динамо му се заблагодари на Стефан Ристовски за сè што направи за клубот и му посака многу среќа и успех во понатамошната кариера.

ФОТО/PHOTO: GNK Dinamo Zagreb