ОФИЦИЈАЛНО: Спировски ја продолжува кариерата во Украина

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски кариерата ќе ја продолжи во Украина. Негов нов клуб е екипата на Мариупол.

По кратката авантура на Кипар, 31-годишниот битолчанец се пресели во украинскиот фудбал. Тековната сезона ќе ја помине во редовите на прволигашот од кого се очекува да се бори за опстанок во елитата.

Украина ќе биде нова станица во богатата интернационална кариера на играчот за врска. Тој потекнува од школата на Пелистер, од каде замина во Борац Чачак, а потоа продолжи во Берое, Ференцварош, Хапоел Тел Авив и АЕК Ларнака.

Спировски е редовен репрезентацивец на Македонија и член на историската генерација која настапи на Европското првенство 2020.