ОФИЦИЈАЛНО: Спалети ќе биде нов тренер на Наполи и Елмас!

Експресно по завршувањето на последниот сезонски натпревар на Наполи, по кој клубот извиси за место во Лигата на шампионите, отказ заработи Џенаро Гатузо. Веќе една седмица, „партенопеите“ немаа предводник, а сега е познато дека Лучиано Спалети ќе го презеде клубот. 

Искусниот стручњак беше без ангажман од 2019 година, кога заработи отказ во Интер, а сега првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лауренти го потврди Спалети за нов менаџер на Ељиф Елмас и соиграчите. 

„Со огромно задоволвсто најавувам дека Лучиано Спалети ќе биде нов тренер на Наполи, а ќе стартува на први јули. Добредојде Лучиано, заедно ќе направиме одлични работи“, напиша Лаурентис. 

  • Официјална потврда за потписот на Спалети:  

Спалети потпиша договор на две сезони, како што најави уште вчера Фабрицио Романо. Покрај Интер, Спалети во кариерата ги водеше Емполи, Сампдорија, Удинезе, Венеција, Анкона, Рома и Зенит

Елмас немаше претерана минутажа оваа сезона под водство на Гатузо, главно беше „жртва“ на неговата формација и филозофија па влегуваше од клупата. Сега, македонскиот репрезентативец ќе има шанса да се наметне под новиот менаџер и да добие посериозна минутажа во Наполи.