ОФИЦИЈАЛНО: Солскјер доби отказ, уште една клупска легенда ќе биде привремено решение

Тренерските смени во Премиер лигата никогаш почести како оваа есен. По Њукасл, Тотенхем, Астон Вила и Норич, и петти клуб од најсилната лига во светот во месец ноември се одлучи за промени. Најнемирната клупа меѓу гигантите, онаа на Манчестер Јунајтед, наскоро ќе добие нов предводник. 

Оле Гунар Солксјер доби отказ од менаџерската позиција во Манчестер јунајтед по попладневниот пораз од Вотфорд на Раниери со 4-1. Бордот на директори вечерва донел одлука и спортскиот директор му ги соопшти негативните вести на норвешкиот стручњак. Поразот од Ливерпул и Сити, претходно и од Лестер и Јанг Бојс, како и нејасната физиономија на игра, го чинеа поранешниот напаѓач на „ѓаволите“ отказ. 

Солксер дојде на клупата на Манчестер Јунајтед во 2018 година, освои вицешампионска титула, играше финале на Лига Европа, но не успеа да се запиша во трофејната книга на менаџери кои освоиле трофеи како неговиот претходник Мурињо или легендарниот учител Фергусон.

Привремено решение ќе биде Дарен Флечер, кој веројатно ќе го води тимот во Виљареал во вторник, а потоа ќе биде назначен перманентен менаџер. Имињата на Зидан, Роџерс и Манчини провејуваа во јавноста последните недели. Фановите си го поставуваат прашањето зошто клупската управа не го смени Солскјер пред две недели, пред репрезентативната пауза.