ОФИЦИЈАЛНО: Сити се засили со младата бразилска надеж, Даглас Луиз

Екипата на Манчестер Сити, денес го претстави своето ново засилување. 19-годишниот Даглас Луиз е нов фудбалер на англискиот гигант, а во редовите на „граѓаните“ доаѓа од Васко Де Гама, потпушувајќи петгодишен договор. 

Иако сè уште не е објавена сумата која ја исплати Сити, се претпоставува дека бразилскиот тим од овој трансфер инкасира 10 милиони фунти. Сепак, младиот играч за врска, во идната сезона нема да биде во ростерот на Пеп Гвардиола. Се претпоставува дека веднаш ќе биде пратен на позајмица и тоа во новиот члена на Примера, Џирона. 

Луиз е четвртиот фудбалер кој ова лето стави потпис со тимот од Манчестер. Претходно, нови „граѓани“ станаа, Вокер, Бернардо Силва и Едерсон.