ОФИЦИЈАЛНО: Сити и Челзи во борба за европската титула на „Драгао“

Финалето од оваа сезона во Лигата на шампионите нема да се игра во Истанбул како што беше претходно планирано, туку е префрлено во Португалија, на стадионот „Драгао“ на Порто.

УЕФА мораше да прави промени откако Турција се најде на „црвената листа“ на Велика Британија поради ковид-протоколите и секој оној кој ќе влезеше во земјата, во случајов Истанбул. ќе мораше да оди во десетдневен карантин.

Португалија реши да ги прифати сите барања, а исто така оваа земја е на „зелената листа“ на Островот, па ќе може да има и навивачи и спонзори на трибините. Од УЕФА соопштија дека на овој настан ќе може да има по 6.000 навивачи од двата клуба.

Во мечот за титула во Лигата на шампионите играат две англиски екипи, Манчестер Сити и Челзи, а датумот на средбата е 29 мај.