ОФИЦИЈАЛНО: Сити го грабна Феран Торес од Валенсија

Манчестер Сити донесе ново засилување пред наредната сезона и го комплетира трансферот на Феран Торес од редовите на Валенсија.

20-годишниот Шпанец кој настапува на крилната позиција имаше одлични настапи за Валенсија. Со тоа се препорача кај Пеп Гвардиола, кој реши да го донесе во таборот на „граѓаните“ и да ја засили конкуренцијата во офанзивата.

Торес и Манчестер Сити потпишаа петгодишен договор. Играчот целата професионална кариера ја мина во Валенсија, а има настапи за младинските репрезентации на Шпанија со кои оствари големи успеси.

Овој шпански интернационалец треба да биде замена за Лерој Сане, кој за двојно поголема сума го засили Баерн Минхен.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.