• Иван Димовски

Италијанскиот вицешампион Интер го задржа Симоне Инзаги и младиот стратег парафираше нова соработка со гигантот од Милан.
„Нераѕурите“ не дојдоа до целта, го загубија скудетото и не успеаја да го одбранат тронот во Серија А, меѓутоа промените на Инзаги беа видливи. За разлика од Интер на Антонио Конте, тимот играше доста поофанзивно, што ги задоволи навивачите и управата. Поради тоа, стратегот доби договор до 2024 година, со можност на продолжување на уште една година.
Симоне Инзаги дојде на клупата на Интер од Лацио, сè уште чека на свој поголем успех и во новата сезона одново ќе се бори за трофеј во Серија А. Интер го освои Суперкупот и Копа Италија, а заврши зад Милан во првенството, па догодина одново ќе го нападне врвот.
Клубот веќе ги договори Андре Онана и Хенрик Михтарјан, на чекор до кам-бек е и Ромелу Лукаку, а фановите сонуваат и за Дибала. Инзаги ќе има втора шанса за скудетото и се надева дека ќе ја искористи.