ОФИЦИЈАЛНО: Шпиц од Костарика ќе тресе мрежи за Шкупи

Македонскиот претставник во квалификациитге на Лига Европа, скопски Шкупи обезбеди големо засилување во нападот.

Костариканскиот напаѓач Фреди Алварез е нов фудбалер на чаирскиот прволигаш, откако ги договори сите детали и наскоро треба да пристигне во Македонија.

25-годишниот Алварез настапуваше за младинските и олимписката селекција на Костарика. Тој својата досегашна кариера ја градеше во Костарика, а последен негов клуб е Жиракал. Алварез има играно и за костариканските екипи Херидијано, Ајалуаленсе, Депортиво Мунисипал, Саприса...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.