• Саше Љолес
Шпанскиот фудбалски стратег, Рафаел Бенитез, официјално е новиот тренер на Панатинаикос, објави денес грчкиот клуб.
Патанаикос не ја прецизираше должината на договорот на Бенитез во своето соопштение, но добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека станува збор за двегодишен договор.
Бенитез го заменува Христос Контис на позицијата тренер на атинскиот клуб, кој беше отпуштен по поразот во третото коло од Лигата на Европа од Феенорд (1-3).
Последниот клуб каде што Бенитез работеше како тренер беше Селта Виго, која ја напушти во март минатата година, додека претходно во својата кариера беше шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид, Интер, Челзи, Наполи, Њукасл, Валенсија и Ливерпул, со кои ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2005 година.
Шпанскиот тренер ги освои Европскиот Суперкуп, ФА Купот и Комјунити Шилд со Ливерпул, го предводеше Интер до титулата на Светското клупско првенство, а со Челзи го освои и трофејот од Лигата на Европа.

