ОФИЦИЈАЛНО: Шкупи се засили од Галатасарај, го договори младиот Гулу

Македонскиот прволигаш Шкупи денес го потврди своето четврто засилување за новата сезона на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), која започнува следниот викенд. 

Чаирчани своите редови ги збогатија со еден од најголемите таленти на Турција. Станува збор за младиот Фират Гулу, кој во Шкупи доаѓа од редовите на Галатасарај. 19-годишниот фудбалер важи за голема надеж на турскиот фудбал, а во младинските категории на Галатасарај не само што беше еден од најдобрите поединци, туку ја имаше и капитенската лента. 

Гулу повеќе од една седмица беше на проба во Шкупи, а откако со своите настапи на пријателските средби во Охрид ги задоволи вкусовите на тренерот Бајрами, раководството на клубот се реши да му понуди договор, кој денес беше официјализиран. 

Младиот фудбалер со чаирчани потпиша тригодишен договор, а своето официјално деби би можел да го има за една седмица, кога Шкупи го чека дуел со големиот ривал Шкендија, во рамки од првото коло на ПМФЛ.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.