ОФИЦИЈАЛНО: Шкупи против Бешикташ на 11 ноември на „Водафон Парк“!

Екипата на Шкупи договори голем пријателски натпревар за време на репрезентативната пауза и ќе ги одмери силите со актуелниот шампион на Турција.

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе гостува на Босфорот каде ќе се соочи со тимот на Бешикташ. Деталите за пријателскиот натпревар се договорени и тој ќе се игра следната седмица.

Натпреварот меѓу Бешикташ и Шкупи е закажан на 11 ноември на грандиозниот стадион „Водафон Парк“. Ќе стартува со почеток од 14:00 часот.