ОФИЦИЈАЛНО: Шишковски нов голман на Борац Бања Лука

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски откако го раскина договорот со ерменски Арарат и официјално има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина.

Ерменија беше четврта дестинација на 28-годишниот голман, откако досега работеше во Белгија, Финска и на Кипар. Сега, се сели во петта земја и потпиша договор со Борац Бања Лука.

„Доаѓам во тим кој минатата сезона ја освои титулата во Босна и Херцеговина и знам дека целта е да го одбраниме трофејот. Им благодарам на луѓето од управата на клубот за укажаната доверба, а мое е со моите одбрани да придонесам за остварување на тие цели“, рече Шишковски.

Репрезентативниот голман претходно беше член на Докса од јули 2020 година, редовно бранеше и запиша 120 настапи за кипарскиот клуб. Со Арарат, сезоната ја заврши со трофеј во Купот на Ерменија.

Голманот е дете на Работнички, од каде во 2015 година замина на позајмица во белгиски Гент. Откако не се наметна се врати во Скопје, па три години подоцна се пресели во Финска и бранеше за Лахти и Ропс. Потоа пак се врати меѓу дебармаалци, се задржа една сезона и оттогаш бранеше на Кипар.