ОФИЦИЈАЛНО: Северна Америка ќе биде домаќин на СП 2026

Северна Америка ќе биде домаќин на фудбалскиот Мундијал кој ќе се игра во 2026 година, одлучено е на денешната седница на светската куќа на фудбалот (ФИФА).

Три земји ќе бидат организатори на големиот фудбалски настан - САД, Канада и Мексико. Во битката за домаќинството, Северна Америка успеа да го победи Мароко.

На гласањето, обединетата понуда на САД, Канада и Мексико доби 134 гласа, додека Мароко го поддржаа 65 членки, а една земја остана воздржана и не гласаше за никого.

Мексико досега двапати беше домаиќин на СП, во 1970 и 1986, додека САД имаше еден Мундијал, во 1994 година. За Канада ова ќе биде деби на големиот фудбалски настан.