ОФИЦИЈАЛНО: Саудиска Арабија домаќин на СП во 2034 година! 

Шпанија, Португалија и Мароко ќе бидат организатори на Мундијалот во 2030 година, а сега и официјално е дека четири години подоцна Светското првенство во фудбал ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат коорганизатори на Светското првенство во 2030 година, организирајќи по еден натпревар во своите земји, беше одлучено на Конгресот на ФИФА. ФИФА објасни дека првите три натпревари на Светското првенство во 2030 година ќе се играат во Уругвај, Аргентина и Парагвај со цел да се одбележи стогодишнината од првото Светско првенство во Монтевидео во 1930 година на овој континент. Уругвај беше домаќин, Аргентина беше првиот финалист, а Парагвај е седиштето на КОНМЕБОЛ. Директен пласман на СП 2030 ќе имаат Шпанија, Португалија, Мароко, но и Аргентина, Уругвај, Парагвај, како и Саудиска Арабија четири години подоцна.

Шпанија, Португалија и Мароко имаат регистрирано дваесет стадиони на кои потенцијално ќе се играат натпревари од Светското првенство. Шпанија има единаесет, вклучувајќи ги и реновираните „Сантијаго Бернабеу“ и „Камп Ноу“ кои се прошируваат на 105.000 седишта, Португалија ќе учествува со три објекти, и Мароко со шест, вклучувајќи го и новиот стадион што се гради во Казабланка.

На Мундијалот ќе учествуваат 48 селекции: шеснаесет од Европа, осум од Азија, девет од Африка, шест од КОНКАКАФ, шест од Јужна Америка и една од Океанија. Двете преостанати места ќе бидат обезбедени преку плеј-турнир на шест селекции.