ОФИЦИЈАЛНО: Сараево по пет години се раздели со Крсте Велкоски

Велкоски

Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски ја прекина соработката со Сараево, потврди клубот преку официјално соопштение.

„Нема да се збогуваме со Крсте, туку ќе кажеме довидување, бидејќи сме сигурни дека по завршувањето на играчката кариера ќе се врати во нашето семејството на друга позиција“, напиша босанскиот тим.

Голгетерот ја играше втората етапа во Сараево. Прв договор потпиша во 2014 година, кога пристигна од редовите на Работнички. Кам-бек во екипата направи пред пет години, а потоа ја доби и капитенската лента.

Велкоски е странски фудбалер со најмногу настапи, трофеи, голови и асистенции во историјата на Сараево.