ОФИЦИЈАЛНО: Санчо е најголемото летно засилување на Манчестер Јунајтед!

Санчо

Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Џејдон Санчо. По долги преговори, англискиот репрезентативец пристигна на „Олд Трафорд“ и си замина од Борусија Дортмунд.

21-годишниот талент потпиша долгогодишна соработка со „црвените ѓаволи“ до 2026 година. Во Германија одигра четири сезони и запиша 50 гола и 64 асистенции.

„Секогаш ќе ѝ бидам благодарен на екипата на Борусија Дортмунд што ми даде можност да играм првотимски фудбал, иако секогаш знаев дека ќе се вратам во Англија еден ден. Шансата да се приклучам на Манчестер Јунајтед е остварување на сонот и едвај чекам да настапам во Премиер лигата“ , изјави Санчо.

Новиот фудбалер на Јунајтед беше дел од репрезентацијата на Англија, која загуби во финалето на Европското првенство.

Англискиот репрезентативец потекнува од школата на Вотфорд, од каде продолжи во Манчестер Сити, пред да се пресели во Бундеслигата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.